Пакистан: 11 лица загинаа во пожар во хотел во Карачи
05.12.2016 12:25
Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.

11 лица загинаа, а над 50 се повредени при пожар во хотел во пакистанскиот град Карачи. Повеќето жртви настрадале при задушување од чад.
„Моравме да кршиме прозорци за да бегаме. Снема струја, не можевме да видиме ништо. Врзавме неколку чаршави за да се симнеме на другиот кат“, вели Калид Мехмуд.
„Се повредив додека бегав. Им помагав и на другите да се спасат“, изјави Мухамад Саид.
Во тек е истрага за причините за пожарот.
