За 10 дена ќе се знае како ќе изгледа новиот стадион во Битола

04.02.2014 11:24

Скопската фирма Мегарон инжинеринг, пред локалната самоуправа во Битола ги презентираше единаесетте предлог решенија...

Скопската фирма Мегарон инжинеринг, пред локалната самоуправа во Битола ги презентираше единаесетте предлог решенија, од кој треба да се извлече финалниот проект за изградба на стадион. 
 
Во соработка со локалните стручни екипи најмногу за 120 работни денови ќе се знае како ќе изгледа фудбалското здание под Тумбе Кафе, со капацитет од 12.000 гледачи. Ќе се оди на најоптимално решение кое ќе понуди стадион со меѓународно признати квалификации од втора категорија.
 
„На новиот битолски стадион ке може да се играат натпревари од втора категорија. Тука меѓународните наторевари ќе можат да ги играат младинците на нашиот државна селекција, како и клупските натпревари од европските купови“ рече архитектот на оваа фирма, Предраг Андонов. 
 
„За изготвување на проектното решение и документација, општината издвои окулу 6,5 милони денари. Времето ќе го искористиме, затоа што во еден дел на оваа страна од градот потребна е интервенција во деталниот урбанистички план. Тоа ке го средиме и очекувам налето да ги распишеме тендерите“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
 
Првата фаза од градежните работи се очекува да започне во втората половина од годината. Временскиот интервал ќе се искористи за потемелна подготовка.
 
Стефче Митрески