Австрија го избра Ван Дер Белен, Хофер призна пораз
Според медиумите, новоизбраниот австриски претседател има позитивен став кон проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и смета дека официјална Виена треба да им помогне на земјите од овој регион во процесот на приближување кон Унијата.

Австрија доби нов претседател. Александер Ван Дер Белен, кандидатот кој го поддржуваат Зелените освои 51,69 насто од гласовите, додека неговиот противкандидат, од десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, освои 46,4 насто. Тој го призна поразот и и му ја честиташе победата на ван дер белен.
„Победивме. Веста ќе се рашири низ главните градови на “вропа, и тоа не само во големите градови. Благодарен сум... Успеавме“- рече Александер Ван Дер Белен, лидер на Зелените.
Според медиумите, новоизбраниот австриски претседател има позитивен став кон проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и смета дека официјална Виена треба да им помогне на земјите од овој регион во процесот на приближување кон Унијата.
Одговорајќи на прашања на австриската агенција АПА во пресрет на изборите, тој посочи дека ниту една друга земја нема толку тесни економски и историски односи со Западен Балкан како Австрија.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд ја поздрави победата на Ван Дер Белен оценувајќи дека тоа е глас за европското единство и толеранција.
Марина Автовска
