ДИК целосно подготвена за изборите на 11-ти декември

05.12.2016 13:04

Изборниот и другиот доверлив материјал се во фаза на печатење и навреме ќе бидат доставени до општинските изборни комисии...

Државната изборна комисија е целосно подготвена за изборите на 11-ти декември. Изборниот и другиот доверлив материјал се во фаза на печатење и навреме ќе бидат доставени до општинските изборни комисии.

Утре истекува рокот за пријавување на набљудувачите кои ќе ги следат изборите, домашни и странски. ДИК ги повикува членовите на општинските изборни комитети и на избирачките одбори да се воздржат од какви било партиски активности за време на изборниот процес.

Во функција е бесплатната телефонска линија 0800- 555-44 за пријавување на нерегуларности во изборниот процес.