Коѕијас: Интензивни дипломатски односи меѓу Атина и Скопје

05.12.2016 14:12

Како дел на мерките за доверба меѓу двете земји, Коѕијас ја нагласи и соработката меѓу универзитетите, полицијата и размената на информации за незаконската миграција.

Дипломатските односи меѓу Македонија и Грција се интензивни. Сега сме во фаза на изградба на гасовод од Солун до Скопје, а ќе се гради и нова железничка линија од Лерин до Битола- изјави грчкиот министер за надворешни Никос Коѕијас по средбата со шефот на германската дипломатија во Атина, Франк Валтер Штајнмаер.

Како дел на мерките за доверба меѓу двете земји, Коѕијас ја нагласи и соработката меѓу универзитетите, полицијата и размената на информации за незаконската миграција.