Тачи: Албанците на 11-ти декември ќе го дадат својот глас против криминалците од ДУИ

05.12.2016 15:34

Нема друг политичар Албанец кој повеќе од мене се грижел за албанците од Скопје, и овојпат повторно мојата главна грижа остануваат албанците од Скопје, рече Тачи пред жителите на Чаир.

Демократската парија на албанците одржа митинг во Чаир каде пред присутните членови и симпатизери се обрати лидерот на партијата Мендух Тачи. Тој посочи дека е вистинскиот момент веќе, сите заедно, како што велат нивните пријатели Косово, Албанија, Америка и Европа да го сопрат, како што рече, зулумот што се спроведува спрема албанците, особено спрема албанците од Скопје.

„Верувам дека сите Албанци на 11-ти декември ќе го дадат својот глас силно, не против една партија, туку против лоповите и криминалците од Демократската унија за интеграција, против безбожниците. Се надевам дека деновиве што преостанаа сите заедно ќе ги убедиме сите наши браќа и сестри дека тие се веќе мртви, немаат никаква моќ, завршено е со нивната смелост“- рече Тачи. Со гласот што ќе му го дадете на ДПА ви ветувам дека првиот месец од моето владеење ќе го донесам Законот за амнестија и изпразнување на затворите од албанците, додаде лидерот на ДПА.

„Ви ветувам дека сите тешки случаи како кумановскиот, Монструм и Сопот ќе одат на повторно судење. И сите судии кои извршиле злосторство врз албанците не ќе можат никогаш да бидат избрани веќе за судии. Ве уверувам, доколку заедно успееме да ги освоиме гласовите на албанците, ќе донесеме Закон за простување на долговите на албанците што ги имаат кон државата. Не ги слушајте нив, тие сега немаат сила ниту мува да заштитат, a камо ли албанците. Доколку ви речат, тие, филозофите на ДУИ како е можно да бидат простени долговите зашто ќе бидат предизвикани големи дупки во државниот буџет?! Одговорете им дека нашите функционери нема да јадат бифтек од 81 илјада евра. Нема да бидат измамници, корумпирани и инкриминирани. Прифаќаме дека имаме долг кон државата, но тој изнесува 25 евра за струја, 15 евра за вода, 10 евра за казна од полицијата, 20 евра на шумарот, ама колку ни е должна нам оваа држава? Еден милион и 700 илјади евра од државниот буџет треба да им бидат вратени на граѓаните Албанци. И тоа ќе го стори ДПА доколку сите Албанци ни дадат поддршка“, нагласи Тачи на митингот во Чаир.

Нема друг политичар Албанец кој повеќе од мене се грижел за албанците од Скопје, и овојпат повторно мојата главна грижа остануваат албанците од Скопје, рече Тачи пред жителите на Чаир.

Пред присутните се обрати и носителот на листата во втората изборна единица Орхан Ибрахими. Пред присутните Ибрахими рече дека овие избори се вонредни поради вонредните состојби во земјата. Знаете, рече Ибрахими, како дојде на власт Али Ахмети злоупотребувајќи ги највисоките институции во војна, божем не ослободува. Тој го врати времето како она од Милошевиќ. Тоа е нашата реалност, додаде Ибрахими.

„Во времето на Милошевиќ имавме убиства на најдобрите момци, сега го имаме истото. Во времето на Милошевиќ од своите домови беа протерани над милион Албанци, од 2002 година имаме над 280 илјади албанци кои ги напуштиле своите огништа. Велиме вонредна состојба, зашто Али со ВМРО обезбедил 58 илјади работни места, ама во македонските населени места, ниту едно од нив не е за Албанец. ДПА на чело со нашиот водач Мендух Тачи е докажана партија која ги бранела интересите на нацијата. Не е потребно ништо повеќе освен да се осврнете во минатото и да видите што се направи ДПА за албанците“, нагласи Ибрахими.

На митингот говореше, како што беше најавен, специјалниот гостин од САД, Хенди Џонс, републикански политички советник. ДПА изборната кампања ја продолжува во Батинци, Скопско.

 

Фиљана Кока