Ахмети: ДУИ работи на создавање нови албански кадри
ДУИ работи на создавање нови албански кадри, ДУИ направи многу за подобрување на животниот стандард за жителите во западна Македонија, рече пред симпатизерите и членовите Али Ахмети, претседателот на ДУИ и носител на листата во шестата изборна единица.

По посетата на липковскиот регион и претставувањето на предизборната кампања, функционерите на Демократската унија за интеграција се сретнаа со жителите на село Никуштак, по што остварија средба и со жителите на Теарце. ДУИ работи на создавање нови албански кадри, ДУИ направи многу за подобрување на животниот стандард за жителите во западна Македонија, рече пред симпатизерите и членовите Али Ахмети, претседателот на ДУИ и носител на листата во шестата изборна единица.
„Нашата партија работи и на создавање нови албански кадри кои сега се функционери во повеќе ешалони од власта. Ние одиме напред, ние не сме ограничени, ние постојано работиме во интерес на граѓаните. Моментално најголем проблем во албанскиот политички блок е што се расцепкува албанскиот глас. Знаете дека има многу албански партии. Јас немам ништо против тоа. Но неколку пати апелирав до нив да се обединат и нека ја победат Демократската унија за интеграција, но не вака, разделени и необединети. Власта не може да биде вечна, но албанството останува, и затоа треба да бидеме пообединети. Бидејќи ДУИ беше, е и ќе биде чувар на албанците, и ќе работи за доброто на сите албанци. Се отвори индустриската зона во Тетово. Таму работат странски фирми. Само во една компанија наскоро ќе се вработат 2.000 луѓе. За неколку години бројката на вработени ќе надмине над 10.000. Само вака можеме да придонесеме да не се отселуваат младите албанци. На 11-ти декември секој гласач ќе гласа за својата иднина и иднината на своите деца. Гласот на граѓаните за ДУИ останува правилна одлука“, рече Ахмети.
ДУИ независно од се ќе успее. Едните се надеваат на 63 мандати, други ги бараат гласовите на албанците, ниту на едните ниту на другите нема да им се оствари овоj сон, рече Ахмети пред присутните. Според него, без ДУИ нема ниту формирање ниту функционирање ни на извршната ни на законодавната власт, затоа што демократската унија за интеграција има сигурна победа, а во оваа земја најлегитимни претставници се оние кои придонесле за менување на најновата историја на албанците во македонија. Овде дојдов да им кажам на младите дека толку убаво го зборуваат мајчиниот јазик, јазикот на нивните предци, рече лидерот на ДУИ, и додаде дека покрај тетовскиот универзитет, отворен е уште еден универзитет во скопје, така како што одамна сите посакуваа. Се знае дека образованието е главен столб за една нација, многу од вас се жртвувале и се жртвуваат да одиме напред, рече Ахмети пред присутните. Според него, не смеат да се застане тука, треба да се мисли што уште треба да се направи за квалитетно образование. Без квалитет во воспитно – образовните установи нема да има добро образование од прв ред, ниту стручни кадри. Говорниците пред присутните рекоа дека Демократската унија за интеграција продолжува да работи според принципот на градење и соработка, нивната цел е неспорна. Единствениот пат е евроатлантскиот пат, патот кон ЕУ, кој не треба да биде спречен, бидејќи е пат што ја обезбедува и ја зајакнува слободата, како и новата економија.
Во своето обраќање говорниците рекоа дека Демократската унија за интеграција продолжува да чекори по добро познатиот пат, интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури, создавање на социо-економски услови за граѓаните и градење подобра иднина за новите генерации. Изборите на 11-ти декември се клучни бидејќи се решава за големи прашања.
„Ќе треба да се демантирам самиот себеси, бидејќи мислев дека во Теарце не стоиме добро, но гледам дека Демократската унија за интеграција и Али Ахмети имаат многу поддржувачи. На изборите на 11-ти, ДУИ е апсолутен победник во нашата земја. Ова не го велиме ние од Демократската унија за интеграција, туку тоа го кажуваат нашите политички опоненти. Тоа не значи дека ние не треба да работиме, треба, и тоа уште повеќе, до 11-ти декември да ги убедеиме сите дека Демокртаската унија за интеграција на чело со Али Ахмети е единствената политичка сила“, рече Беким Незири, шеф на изборен штаб на ДУИ.
Со презентација на предизборната програма, функционерите на Демократската унија за интеграција ја побараа довербата на жителите на Теарце. Како што рекоа, во програмата е содржана агенда која треба да се спроведе во мандатот од 2016 до 2020 година. Политичкиот систем и меѓуетничките односи, надворешната политика и евроатлантските интеграции, правда и владеење на правото, редот, сигурноста и безбедноста, државната и јавната администрација се дел од сегментите кои според Демократската унија за интеграција се битни за подобро општество. И економијата, економскиот раст е носечки столб за Демократската унија за интеграција, тие најавија дека ќе се работи на децентрализација и регионален развој, на странски и домашни инвестиции, информатичка технологија и телекомуникации, транспорт и урбанистичко планирање, енергија, животната средина, земјоделството, туризмот. Но, според нив, од помало значење не се здравството, социјалната политика, културата, дијаспората, младите и спортот, медиумите и граѓанското општество.
Наташа Јанчиќ
