Груевски: 63 пратеници за крај кризата и планот за мрачни сценарија
Груевски на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека политичката криза која според него е создадена вештачки поради тврдењата за фантомски гласачи кои, вели не постојат, ќе заврши со изборите на 11-ти декември, но само доколку победата е убедлива со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ...

Уште седум дена до победата која ќе ја добиеме, победата ќе биде голема не само поради резултатот, туку и поради противникот и неговите планови, уште 7 дена и државата си ја враќа својата самостојност и народот покажува кој е и во што верува, порача од струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на кандидатска листа во чествртата изборна единица Никола Груевски. Тој на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека политичката криза која според него е создадена вештачки поради тврдењата за фантомски гласачи кои, вели не постојат, ќе заврши со изборите на 11-ти декември, но само доколку победата е убедлива со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски вели, СДСМ во својата програма ја пишала и двојазичноста. Според него крајната цел е формирање на би-национална држава, а на тој начин, вели, наредбодавателите на Заев сакаат да го урнат прашањето за официјален јазик на државата и да го скршат идентитетот на македонците вели тој. Ова не е само борба за власт туку е референдум, а македонскиот народ е на сериозен тест порача Груевски, кој ги повика струмичани наместо, како што рече, мрачни сценарија да ја одберат Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски пред Струмичани ја презентираше програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“ насловена реално. На митингот беа промовирани и кандидатите за пратеници. Груевски пред граѓаните вети изградба на 6 експресни патишта меѓу кои Ранковце- Крива Паланка, Штип- Радовиш, Градско- Прилеп, ќе се продолжи рече тој градбата на пругата кон Бугарија и на таа од Битола до Грција, ќе се набават нови возови и 3.700 медицински апарати во вредност од 33 милиони евра. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ и Клинички центар во Штип. Програмата реално предвидува и проект наречен „Рестартирање на стопанските капацитети, жртви на транзицијата“, создавање на рурални развојни зони, поддршка за земјоделците со 600 милиони евра. Во Струмица рече Груевски ќе се изгради нов пливачки базен со ватерполо димензии, две поеќенаменски игралишта и два тениски терена, 4 баскет игралишта една фитнес зона, ќе се обноват 4 училишта, ќе се изгради нова специјализирана читална и две нови детски градинки. На митингот на Коалцијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ се обрати и кандидатот за пратеник Васил Пишев.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ претходно имаше митинг во Радовиш каде што беа промовирани проектите планирани за наредните четири години соддржани во програмата „Реално“. Оттаму, Груевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“ нема да прифатат федерализација и двојазичност на Македонија, ни широка коалиција.
Викторија Милевска
