Трајанов: Со поддршка од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот систем

05.12.2016 15:50

Ние сме гарант за промени, воспоставување систем на одговорност, стабилност во државата и економски развој- рече Трајанов.

На средбата со граѓаните во Скопје, Павле Трајанов од Коалицијата за промени и правда нагласи дека со поддршката од 10% од граѓаните ќе го демонтираат, како што рече, еднопартискиот систем. Ние сме гарант за промени, воспоставување систем на одговорност, стабилност во државата и економски развој додаде Трајанов.

Се произнесе дека во делот на образованието ќе го укине екстерното тестирање и оценување, кое, според него, предизвикува голем стрес кај учениците.

Од Коалицијата за промени и правда велат- доживеавме голем успех и сме прифатени од народот како општонароден фронт, симбол на борбата на народот. На средбата со граѓани во Скопје, беше истакнато дека оваа коалиција сака промени и правда и перспектива за сите млади во државата.

Јове Кекеновски, носителот на Изборната единица 2, рече дека гласот на Коалицијата за промени и правда е глас за промена на црно- белата боја.

Коалицијата за промени и правда во својата економска програма најавуваат создавање на исти бизнис услови за домашните и за странските компании, 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите и 300 евра најниска плата.

 

Елизабета Кузмановска