Протест поради енормното загадување на воздухот во Скопје
Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа еколошка и здравствена катастрофа- велат организаротите на протестот...

Еколошките организации денеска од 17 часот организираат протест поради енормното загадување на воздухот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје.
Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа еколошка и здравствена катастрофа. Сите досегашни мерки и стратегии понудени од институциите и од Град Скопје не дадоа резултат. Потфрлија и нивните ветувања дека ќе се дознаат загадувачите, ќе се најдат причините, ќе се преземат сите неопходни законски мерки и граѓаните на Скопје ќе бидат поштедени од понатамошно труење.
Скопје и понатаму неконтролирано се урбанизира, се промовира автоцентричниот пристап – автомобилите имаат првенство пред јавниот превоз, велосипедите и пешаците- велат организаторите на протестот.
