ОJO поднесе обвинителен акт за полов напад врз дете
05.12.2016 16:38
Настанот се случи на 22 јули годинава кај комплексот на згради кај Млечниот Ресторан во Скопје. Обвинетиот извршил друго полово дејствие врз дете што не наполнило 14 години...

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице. На обвинетиот му се става на товар дека сторил кривично дело- полов напад на дете што не наполнило 14 години.
Настанот се случи на 22 јули годинава кај комплексот на згради кај Млечниот Ресторан во Скопје. Обвинетиот извршил друго полово дејствие врз дете што не наполнило 14 години.
Поради постоење на опасност од бегство и повторување на делото, Основното јавно обвинителство- Скопје со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката – притвор.
