Иванов во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип
05.12.2016 16:42
Тој се запозна со подготвеноста на батаљонот за справување со можните предизвици како бранот на бегалци,кој се очекува во наредниот период.

Претседателот и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов денес во посета на штипската касарна „Јане Сандански“. Тој се запозна со подготвеноста на батаљонот за справување со можните предизвици како бранот на бегалци,кој се очекува во наредниот период.
Иванов присуствуваше и на Свечената акдемија посветена на Свети Климент Охридски,која се одржа во црквата „Свети Климент“. Ова е во рамките на програмата на претседателот, по повод 1.100години од упокојувањето на Свети Климент.
