Четири дена до крајот на изборната кампања

06.12.2016 08:29

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Берово и Делчево, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинг во Крива Паланка и Куманово.

На коалициите и на партиите им преостануваат само уште четири дена за планираните предизборни активности. Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечер ќе има митинзи во Крива Паланка и во Куманово, додека Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи во Берово и во Делчево.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз со најава за предизборни активности во Куманово и митинг во Скопје, додека Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средба со граѓаните во Куманово.

Коалицијата Алијанса за Албанците според нивната изборна агенда ќе ја претстави изборната програма на митинг во Тетово.