Уште едно вето од Кина и Русија за примирјето во Алепо
06.12.2016 10:41
Според Москва, документот ќе им даде време на бунтовниците да се прегрупираат.

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за седумдневното примирје во Алепо.
Според Москва, документот ќе им даде време на бунтовниците да се прегрупираат.
Нацртот за Сирија го изготвија Нов Зеланд, Египет и Шпанија.
