Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“

06.12.2016 11:42

Претставници на Амбасадата засадија повеќе нови елки на просторот на Француските воени гробишта во Битола.

Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ што на целата територија на Република Македонија се одржа на 30 ноември годинава.

Претставници на Амбасадата засадија повеќе нови елки на просторот на Француските воени гробишта во Битола. Со оваа акција, Амбасадата најави нова активност  што интензивно ќе продолжи во наредниот период. Станува збор за хортикултурно уредување на просторот на новиот Меморијален комплекс.

Како што информираат од Амбасадата, овие активности се дел од програмата за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.