РСБСП донираше техничка опрема за потребите на сообраќајната полиција
Опремата ја промовираа претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи на Македонија Оливер Андонов.

Со цел поддршка и унапредуваање на работата на сообраќајната полиција Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) обезбеди донација од 35 батериски ламби во вредност од 300.000 денари за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Опремата ја промовираа претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи на Македонија Оливер Андонов.
„Примената на современата техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на полицијата“, нагласи Андонов.
„Денешната донација значи поддршка во зајакнување на капацитетите на униформираните полицајци и треба да биде помош за решавање на секојдневните ситуации со кои се соочуваат тие, судирајќи се со предизвикот да спасуваат човечки животи, да ја подобруваат безбедноста на сообраќајот на патиштата, а истовремено да работат законски и да ги почитуваат основните човекови права“, истакна претседателот на РСБСП, Стаменковски.
Двете страни заеднички констатираа дека безбедноста во сообраќајот и понатаму останува стратешки приоритет на сите инситуции во Македонија и упатија апел до граѓаните за безбедно и одговорно учество во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи.
