Мерката за професионалните војници- ретроактивна

04.02.2014 11:48

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ, донесовме одлука со која се даде насока на пратеничката група...

„На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ, донесовме одлука со која се даде насока на пратеничката група на нашата партија во Собранието, во процесот на собраниската процедура, на носење на измената и дополнувањето на Законот на Служба во АРМ, со која што се предвидува професионалните војници во служба на Армијата на Република Македонија по наполнување на 45 години старост како максимална старосна граница, да се вработат во државните институции, да го прошири опфатот на професионалните војници и оваа мерка да важи ретроактивно за оние кои службата во Армијата им престанала по основ на исполнување на максимална старосна граница“, изјави Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Оваа мерка ќе важи за поранешните професионални војници кои заклучно со 31.12.2013 година во агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица. Цел на оваа мерка е на лицата кои го немаат решено својот работен статус, односно се невработени, да им се помогне истата како најважна работа за нив и нивните семејства“, дополнува Димитриев.
 
„Во мандатот на владеење на ВМРО–ДПМНЕ, за Армијата се случија две покачувања на старосната граница на професионални војници, 2007 година од 35 на 38, 2012 година од 38 на 45 години. Сега го решаваме егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство“, изјави Димитриев на денешната прес конференција. За првпат Армијата се облече во Македонска униформа, се покачија платите на вработените, инвестиравме во касарните и полигоните за обука, се отвори Воената Академија која претходно беше затворена, се отвори модерна школа за пилоти и други позитивни работи кои го јакнат имиџот и капацитетот на Армијата како синоним за државноста, резимираше генералниот секретар на владејачката партија.