„Орден за заслуги на Македонија“ за Факултетот за музичка уметност
На 50 годишниот јубилеј претседателот Ѓорге Иванов му додели на Факултетот за музичка уметност „Орден за заслуги на Македонија“. Орденот е во знак на благодарност за постигнатото во изминативе пет децении. Тој треба да биде поттик, истакна Иванов, за натамошно развивање на музичкото образование и за афирмација на македонското музичко творештво и македонските музичари.

„Како институции и поединци треба особено да внимаваме со што ги образоваме нашите најмлади, што им нудиме на нашите граѓани. Мора да ја негуваме, да ја афирмираме и да ја почитуваме нашата музика. Богатството на нашиот музички фолклор и квалитетната музичка продукција не смеат да бидат само дел од архив и од историја, туку жива култура постојано присутна во нашето секојдневие“, нагласи претседателот Иванов.
В.д. деканот на ФМУ, Зоран Пехчевски рече дека се она што е Македонија во музичка смисла денес се должи на Факултетот за музичка уметност заблагодарувајќи им на сите што произлегле од факултетот - од наставниците во основните училишта до големите уметници што настапуваат во Метрополитен или Карнеги хол од кои, рече, светот дознава и учи за Македонија и нејзината богата култура и уметност.
За 50 годишниот јубилеј, ФМУ вечер од 20 часот во Македонската опера и балет ќе изведе концерт на Симфонискиот оркестар на кој солисти ќе бидат сегашни и поранешни студенти од повеќе инструментални класи.