Прелиминарната распределба на дозволи за превоз на стоки на 12-ти декември
06.12.2016 14:45
Од 13-ти до 20-ти декември е предвиден период за приговори преку електронскиот систем, а на 22-ри декември ќе биде објавена конечната листа...

Поради изборнот процес прелиминарната распределба на годишните дозволи за меѓународен превоз на стоки ќе се одржи на 12-ти декември, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Од 13-ти до 20-ти декември е предвиден период за приговори преку електронскиот систем, а на 22-ри декември ќе биде објавена конечната листа на распределени и резервирани поединечни транспортни дозволи кои ќе бидат дистрибуирани до крајот на годината до превозниците, соопшти ресорното министерство.
