Протести во Атина на годишнината од убиството на момче од страна на полицијата

06.12.2016 15:21

На 6-ти декември 2008-ма година убиството на 15- годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири.

Три илјади полицајци се ангажирани за демонстрациите во Атина по повод годишнината од убиството на Александар Григоропулос.

На 6-ти декември 2008-ма година убиството на 15- годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири.

Оттогаш секоја година во спомен на момчето се одржуваат демонстрации, во кои повеќе пати доаѓаше до судири со силите за зачувување на редот.

Покрај учениците и студентите, на митингот ќе учествуваат и анархистите.