Нови моменти од кражбата во менувачницата
04.02.2014 11:58
Не 40, туку 60 илјади евра им биле одземени на сопствениците на менувачницата...

Не 40, туку 60 илјади евра им биле одземени на сопствениците на менувачницата кои беа нападнати вчера вечер во Скопје, покажуваат последните сознанија од истрагата.
Сопственици на менувачницата, кои синоќа беа нападнати на улицата „Тодор Циповски- Мерџан“ бр. 28 во Скопје и беа пренесени во Клиничкиот центар се пуштени на домашно лекување.
Полицијата интензивно трага по тројцата напаѓачи кои веднаш избегале со пленот и со пиштолот на еден од газдите, што го поседувал со дозвола.
