Тачи: Доколку ДПА победи убедливо, условот ќе биде премиер Албанец

06.12.2016 15:34

Тачи пред присутните во Батинци рече дека секогаш е со посебни емоции во овие краишта и дека оваа емоција ќе продолжи во насока на грижата кон нив.

Лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи пред присутните во Батинци рече дека секогаш е со посебни емоции во овие краишта и дека оваа емоција ќе продолжи во насока на грижата кон нив.

„Гледам овде многу возрасни, но и многу млади лица. Ние треба да испратиме порака што повеќе луѓе да и се придружат на оваа опција, што повеќе луѓе да се ангажираат во рамките на овој проект. Поради мошне тешката сосотјба на албанците и на другите ние ќе треба да се ангажираме уште повеќе“ рече Тачи. „Ве уверувам дека заедно ќе може да го видиме сонцето на хоризонтот, но треба овие пет шест дена да продолжиме со убедувањата и ќе следува резултатот, ќе следува победата“, додаде тој.

Проектот во нашата програма е точно дефиниран и изработен од експерти. Мислам дека преку овој проект ќе успееме да го оживееме аспектот на правата на албанците. Преку проектов уште во првиот месец ќе бидат донесени закони кои ќе ја оневозможат репресијата над албанците и сите што ќе планираат да ги репресираат албанците ќе се судрат со тој закон. Два закона за амнестија имаме добро подготвени- рече лидерот на ДПА.

„Верувам дека преку простувањето на јавните долгови што ги имаат албанците кон интитуциите првично ќе ја подобрат семејната економија на нашиот народ. Нашиот проект предвидува и краиштата каде живееме ние да ги направиме крајишта со совршена инфраструктура и преку странскиот капитал што ќе биде инвестиран тука да отвориме перспективи за младината за нивнот вработување. За сите албанци од овие краишта, изјавувам јавно, ние ќе се ангажираме албанците од од овде да ги поврземе со одлични патишта со Сарај и сите делови со кои се заинтересирани да имаат комуникација. Тоа е сериозен проект кој чини многу скапо, но се надеваме дека од државниот буџет и од странските инвеститори да добиеме средства за да овозможиме албанците да имаат непречена комуникација. Сакам да апелирам до вас дека ситуацијата е многу сериозна, мислам дека македонците многу сериозно ја разбраа оваа ситуација. Јас им реков на некои дека доколку победам на овие избори ти и ти нема да бидете премиери, затоа Грувески им се обрати на македонците доколку не ми дадете 63 мандати ќе имате премиер Албанец. Затоа ве уверувам јавно доколку ДПА победи убедливо условот за македонските партии ќе биде премиер Албанец“, изјави Тачи.

Пред присутните се обрати и носителот на листата на ДПА во првата изборна единица Идриз Орана.

„Албанците не заслужуваат да живеат во кал, септички јами во населби каде нема фекална и атмосферска канализација. Не заслужуваат живот како во средовековие. Ние сме на нашата земја од памти век, заслужуваме многу повеќе. Сакаме да се ослободиме од ропство, бараме слобода и рамноправност за сите. Ова е веќе завршена работа ние активистите на дпа знаеме да ја разбереме и болката на нашите сестри и мајки заради тоа што беа запоставени од властодршците, но повторно останаа столб на семејството и нацијата. Ќе ја поодбриме нивната состојба зашто сакаме подобра иднина за нашите деца“, рече Орана.

ДПА своите предизборни активности ги продолжува во Гостивар.

 

Фиљана Кока