Цената на струјата стабилна и в година

06.12.2016 16:37

Цената на струјата на енергетските берзи е стабилна. Домашното производство на електрична енергија бележи благ пад и ќе зависи од работата на металуршките капацитети. Енергетската заедница препорачува гасификација на домаќинствата.

Цената на струјата стабилна, благ пад на потрошувачката на електрична енергија за два насто поради забавена активност на металуршките капацитети- Енергетскиот биланс за следната година под лупа на бизнис заедницата.

Тренд на намалување на производството на електрична енергија поради намалена работа на термоелктраните РЕК Битола и Осломеј, кој воопшто и не произведува струја, проектира Енергетскиот биланс. Се предвидува- ТЕТО да функционира со значително засилено темпо, да произведува и до 700 гигават часови на годишно ниво, што, велат од Енергетската асоцијација, ќе зависи од пазарните услови, ценовната политика на гасот и електричната енергија. Цената на струјата на светскиот пазар стабилна и в година. Обновливите извори на енергија покриваат шест до седум проценти од енергетските потреби, не се доволни да го надополнат производството во термоелектраните .

Потрошувачката на домаќинствата останува на исто ниво, најдобро решение е гасот да се донесе во домовите- препорачуваат од Енергетската асоцијација.

 

Сузана Фиданска- Стоевска