Петчлено семејство се соочува со сиромаштија

04.02.2014 12:06

Петчленото семејство Димкови од кратовско Шопско Рударе секоја вечер...

Петчленото семејство Димкови од кратовско Шопско Рударе секоја вечер заспива и се буди со звукот на ветерот кој продира низ гредите од импровизираниот покрив на шупата во која живеат. Една светилка, скршени кревети, плинска боца, облека спакувана во вреќи, без ниту еден кујнски апарат е сето она што го имаат Димкови. Сузана и Вите пред една година се преселиле во Куманово поради 9 годишната ќерка Кристина која треба да посетува настава за деца со посебни потреби.

-Нашиот живот е тежок и мачен. Треба платиме кирија, вода, да одат децата во школо, нема парите не стигаат, а работа нема, изјави Вите Димков од Шопско Рударе.

Во помошниот објект ги прибрале пријатели кои се на печалба во Европа.Услов да престојуваат тука е редовно да ги плаќаат сметките за струја и вода. Нo, освен социјална помош досега не примиле денар ниту од Општината ниту од невладиниот сектор. Со овие средства, Сузана секој ден мака мачи како да ги прехрани децата, а камоли да платат кирија и сметки.

-Нашата најголема мака е покрив над главата, да ни се помогне некако. Ќе дојде граздарицата на куќата и ќе не избрка и од тука, каде на овој студ ќе одиме со три деца-додава сопругата, Сузана Димкова.

Од центарот за социјални работи Куманово велат дека Димкови примаат помош согласно законските прописи, а за Кристина треба да се обноват документите за Да продолжи да го прима додатокот. Живот во топол дом е единствената желба на ова семејство. Во меѓувреме добредојдена им е секаква помош од хуманите луѓе.

 

Габриела Димковиќ