Еврото на рекордно ниско ниво по референдумот во Италија
06.12.2016 17:00
Според аналитичарите, оставката ќе ја продлабочи политичката нестабилност во третата најголема економија во еврозоната која e веќе оптоварена со јавен долг...

По референдумот во Италија и оставката на премиерот Ренци, еврото достигна рекордно ниско ниво во последните 20 месеци. Мнозинството граѓани се изјаснија против предложените уставни промени.
Според аналитичарите, оставката ќе ја продлабочи политичката нестабилност во третата најголема економија во еврозоната која e веќе оптоварена со јавен долг, а тоа дополнително ќе го разниша банкарскиот сектор.
