Вицепремиерот Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Хамбург

08.12.2016 10:52

Вицепремиерот Попоски на мaргините на состанокот се очекува да има неформални средби...

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска учествува на 23-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува во германскиот град Хамбург.

Попоски заедно со шефовите на дипломатиите на 50 земји членки во Хамбург доаѓа на покана на претседавачот со ОБСЕ, германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер, кој позицијата претседавач со организацијата ја предава на својот австриски колега, Себастијан Курц.

Вицепремиерот Попоски на мaргините на состанокот се очекува да има неформални средби со неколку колеги од земји членки на ОБСЕ.