Меј: Преговорите за Брегзит ќе бидат комплицирани
08.12.2016 12:51
Тоа ќе биде комплицирано бидејќи има толку многу работи со кои треба да се избориме, рече Меј за „Фајненшл тајмс“.

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека сака да го олесни Брегзит, но дека преговорите за излегување на таа земја од Европската унија ќе бидат комплицирани.
Сакам да видам дека процесот тече што е можно полесно. Тоа ќе биде комплицирано бидејќи има толку многу работи со кои треба да се избориме, рече Меј за „Фајненшл тајмс“.
Меј истакна и дека ЕУ не сака и други земји да излезат од неа, оценувајќи дека поради тоа преговорите би можеле да бидат тензични.
