Најтрофејниот против актуелниот победник во полуфиналето
Вардар којшто е рекордер со пет пехари на 1-ви март 2017-та ќе ја пречека Шкендија којашто лани првпат го освои овој трофеј. Реваншот ќе се одигра на 19-ти април следната година во Тетово.

Извлекувањето беше немилосрдно, па најголемите фаворити за двата пехара во македонскиот фудбал, најтрофејниот против актуелниот освојувач, ќе играат меѓусебе во полуфиналето на купот. Вардар којшто е рекордер со пет пехари на 1-ви март 2017-та ќе ја пречека Шкендија којашто лани првпат го освои овој трофеј. Реваншот ќе се одигра на 19-ти април следната година во Тетово.
Во истите термини, Брегалница којашто ќе се обиде првпат да се пласира во финалето во Штип ќе му биде домаќин на куп - победникот од 2001-ва, Пелистер. Возвратниот дуел ќе биде во Битола.
