Тупурковски и натаму претседател на МОК
И по 24 години и од осамостојувањето на нашата земја, д-р Васил Тупурковски и натаму ќе го предводи Олимпискиот комитет...

Иако првпат имаше двајца кандидати нема да има промени во врвот на раководството на Македонскиот олимписки комитет. Васил Тупурковски и седми мандат ќе биде претседател на МОК.
И на денешното редовно собрание, Васил Тупурковски беше реизбран за прв човек на олимпизмот во Македонија. Тоа значи дека и по 24 години и од осамостојувањето на нашата земја, д-р Васил Тупурковски и натаму ќе го предводи Олимпискиот комитет.
Малата разлика овојпат е во тоа што Тупурковски имаше првап противкандидат во нашиот некогашен кајакар, Атанас Николовски. Сепак со само еден воздржан глас, Тупурковски ја доби довербата на сите делегати и ќе остане на чело на МОК и во следните четири години. На негов предлог нови потпреседатели ќе бидат Благоја Георгиевски и Јордан Камчев.
