Грција и Бугарија со вето за Филе
04.02.2014 12:35
Бриселскиот неделник „Нова Европа“ објавува дека по Грција, и Бугарија ќе биде земјата што сигурно ќе стави вето на кандидатурата...

Бриселскиот неделник „Нова Европа“ објавува дека по Грција, и Бугарија ќе биде земјата што сигурно ќе стави вето на кандидатурата на Штефан Филе за наследник на Кетрин Ештон на позицијата, изјави претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика. Според текстот , Бугарија го посочила Филе како директен виновник за лошиот извештај што Европската комисија го објави за напредокот на земјата во рамки на верификацискиот механизам за соработка, кој имал за цел да ја урне Владата на Пламен Орешарски, предводена од Социјалистичката партија, и да и се даде поддршка на конзервативната партија ГЕРБ, предводена од Бојко Борисов.
„Еврокомисијата не смее да се меша во внатрешните работи на земјите членки и сигурно некој ќе плати за ова. Прв, најверојатно ќе биде комесарот за проширување Штефан Филе, кој е одговорен за бугарскиот извештај. Тој се надева дека по изборите за Европарламентот ќе стане шеф на Европската служба за надворешни работи. Но, дознаваме дека по Грција, Бугарија ќе биде втората земја што ќе стави вето на таков ангажман", стои во текстот на „Нова Европа“.
Грчката блокада за можен реизбор на Филе за еврокомесар уште поодамна е најавена поради инсистирањето за напредок на Македонија во евроинтеграциите, а според магазинот, тоа значи дека и Бугарија ќе биде против кандидатурата на чешкиот еврокомесар.
Лидија Чакар
