Почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова

11.12.2016 10:28

Есма Реџепова, во 2013-та година ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепова беше нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и наш музички амбасадор во светот. Во 2013 година ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија.

Во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број концерти и хуманитарни акции.