На време и непречено почна гласањето во Прилеп

11.12.2016 10:33

Отворени се сите 142 избирачки места на кои своето право на глас го остваруваат 64. 472-ца граѓани запишани во основниот и посебниот избирачки список.

Непречено и навремено во 7 часот почна гласањето во Прилеп. Отворени се сите 142 избирачки места на кои своето право на глас го остваруваат 64. 472-ца граѓани запишани во основниот и посебниот избирачки список.

Граѓаните го остваруваат своето гласачко право и очекуваат фер и демократска атмосфера.

Непречено почна гласањето и во Долнени и Крушево. Таму своето право на глас го остваруваат вкупно 19.125 избирачи во петтата изборна единица.

 

Елизабета Митреска