Рекс Тилерсон најверојатно нов државен секретар на САД

11.12.2016 10:52

Нов американски државен секретар најверојатно ќе биде бизнисменот Рекс Тилерсон.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе наименува бизнисмен за нов американски државен секретар, којшто треба да раководи со Стејт Департментот. Државен секретар ќе биде Рекс Тилерсон, извршниот директор на компанијата од Тексас „Ексон Мобајл“.

64-годишниот Тилерсон станал извршен директор на успешната компанија „Ексон Мобајл“ во 2004-та и се смета дека има блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин. Наименувањето на Тилерсон го потврдиле два извора во тимот за транзиција на Трамп, но се очекува официјалното наименување да дојде идната недела.

Околу десетина кандидати за државен кандидат беа во игра за функцијата државен секретар, меѓу кои најсериозни беа поранешниот претседателски кандидат Мит Ромни, поранешниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани којшто се откажа од кандидатурата вчера, и генералот Дејвид Петреус.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ