МОСТ со први информации за текот на гласањето

11.12.2016 10:55

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов повикувајќи се на информации од набљудувачите на терен соопшти дека гласачкото место 1036 во општина Куманово е отворено со 15- минутно задоцнување, а гласачкото место 2210 во општина Велес со 30 минути доцнење поради тоа што немало електрична енергија.

Граѓанската асоцијација МОСТ информира дека се отворени сите гласачки места на кои имаат распоредено  набљудувачи на денешните предвремени парламентарни избори.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов повикувајќи се на информации од набљудувачите на терен соопшти дека гласачкото место 1036 во општина Куманово е отворено со 15- минутно задоцнување, а гласачкото место 2210 во општина Велес со 30 минути доцнење поради тоа што немало електрична енергија.

Досега е забалежано дека на гласачкото место 1580/1 во општина Радовиш, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор не забележал и не реагирал. Гласач фотографил гласачко ливче и на гласачкото место 2446 во општина Ѓорче Петров и е повикана полицијата, рече Алексов на првата прес-конференција на МОСТ од почетокот на гласањето.

Алексов потенцира дека тајноста на гласот е загарантирана и апелира до избирачките одбори да ги информираат гласачите дека се гласа само со заокружување, со пенкало со сино мастило.

Во текот на денов,  истакна Алексов, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080. Нерегулароности може да се пријават и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.