Охрид: Изборниот процес се одвива мирно

11.12.2016 13:19

Во Oхрид изборниот процес се одвива мирно. На територијата на оваа општина се изјаснуваат над 50.200 граѓани со право на глас.

Утрото во 7 часот беа отворени 88-те избирачки места на подрачјето на општина Охрид,каде своето гласачко право ќе можат да го остварат над 50.200 граѓани. Изборниот процес досега се одвива мирно и без поголеми проблеми.

Граѓаните на Охрид се изјаснуваат за десет коалициски и партиски листи,  нивните од предвремените парламентарни избори се слични.

Од Општинската изборна комисија во Охрид ги информираат гласачите од избирачките места 1253 и 1253-1 дека истите се наоѓаат во просториите на ОУ „Григор Прличев“, каде што беа и претходно, а не на улица „Македонски просветители“ како што беше објавено од ДИК.

 

Сашо Нелоски