Жените заинтесирани за служба во АРМ

04.02.2014 13:06

Расте интересот на припадничките од понежниот пол кои сакаат да бидат дел од формациите на АРМ...

Анализите засега говорат дека жените учествуваат во воената структура со симболични 4 до 5 проценти од вкупниот состав, а најмногу ги има во воздухопловството на македонската војска.
 
Расте интересот на припадничките од понежниот пол кои сакаат да бидат дел од формациите на Армијата на Република Македонија (АРМ).
 
„И покрај фактот што во оваа област е постигнат голем напредок, сепак Министерството за обрана и вооружените сили сеуште се соочуваат со низа предизвици, со кои ќе се соочиме во периодот кој претстои“, вели министерот за одбрана, Талат Џафери. 
 
Жените во АРМ се рамноправни  и секојдневно ги извршуваат обврските и должностите исто како и припадниците на машкиот пол.  Доколку некој има желба и е спремен, може да го совлада овој предизвик.