Осовременет стадионот „Македонски Лавови“
04.02.2014 13:20
На стадионот во општина Ѓорче Петров е поставена најсовремена вештачка трева ...

На стадионот во општина Ѓорче Петров е поставена најсовремена вештачка трева за сите услови и според сите стандарди за тренинг и други рекреативни можности. Целта е побудување поголема желба за натпревар и поттик за создавање идни фудбалски ѕвезди.
„Скоро и да нема град во Македонија во кој нема нови фудбалски игралишта и нови спортски сали“, посочи премиерот Никола Груевски.
Досега се изградени 34 вакви објекти кои се дел од проектот за изградба на 145 спортски сали. Направен е голем напредок во осовременувањето на спортската инфраструктура во земјава, посочи Груевски.
Сузана Фиданска Стоевска
