ДИК до 00:50 часот: ВМРО-ДПМНЕ 393.419, СДСМ 372.986 гласови

12.12.2016 00:59

ДУИ освоиле 76.280 гласови, БЕСА 50.035, Алијанса за Албанците 31.391, ДПА 27.374, „ВМРО за Македонија“ 21.151, Левица 9.529, Коалиција за промени и правда Трет блок 8.477, Либералната партија 3.191 и ПДП 925 гласови.

Според податоците на Државната изборна комисија до 00:50 часот од преброени 1.027.271 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 393.419 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 372.986 гласови.

ДУИ освоиле 76.280 гласови, БЕСА 50.035, Алијанса за Албанците 31.391, ДПА 27.374, „ВМРО за Македонија“ 21.151, Левица 9.529, Коалиција за промени и правда Трет блок 8.477, Либералната партија 3.191 и ПДП 925 гласови.

Иако се најавуваше дека ДИК ќе одржи прес-конференција околу полноќ, таа е одложена за подоцна.