ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 452.709, СДСМ 436.469 гласови

12.12.2016 09:36

Според последните податоци Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 38,06%, односно 452.709 гласови. Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ освоила 36,69%, односно 436.469 гласови. Демократската унија за интеграција ја добила довербата на 7,30 насто од гласачите, односно 86.812 гласа, додека БЕСА освоила 4,87% или 57.927 гласови.

Според последните резултати од изборите објавени на интернет страницата на Државната изборна комисија, коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 38,06%, односно 452.709 гласови. Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ освоила 36,69%, односно 436.469 гласови. Демократската унија за интеграција ја добила довербата на 7,30 насто од гласачите, односно 86.812 гласа, додека БЕСА освоила 4,87% или 57.927 гласови.

Коалицијата „Алијанса на Албанците“ добила доверба на 2,95 насто од гласачите или 35.091 глас. Демократската партија на албанците добила 2,61% или 31.017 гласови, а коалицијата „ВМРО за Македонија“ добила 2,06% или 24.449 гласови. За Левица гласале 1,02% или 12.119 гласачи, додека Либералната партија добила 0,32% или 3.840 гласови, додека ПДП ја добила довербата на 1.142 гласачи или процентуално освоила  0,10% од гласовите.