Идеални услови за садење овошки
Ниските утрински температури нема да им наштетат на посевите и на насадите. Агрометеоролозите велат дека неделава има идеални услови за садење на овошките. Истовремено и лозарите веќе ја почнаа работата со првото закројување на лозјата.

Стабилното и ведро време со ниските утрински температури од -10, и дневни до 10 степени е вообичаено за овој период од годината и нема негативно влијание врз земјоделските култури заради поголемата издржливост на веќе поникнатите есенски посеви.
И во наредниот период очекуваните временски услови само ќе ја продолжат ваквата состојба без поголеми промени, а презимувањето се изведува во услови кои се подносливи за растенијата.
Со паѓањето на листовите и високата влага во почвата се создадени и одлични услови за садење на овошкита од сите видови, што се должи на релативно топлото време во текот на денот. Истото важи и за лозарите кои со првото закројување веќе ја почнаа сезоната на работењето во лозовите насади.
Методија Трајков
