Корупциски скандал: Почна судењето на Лагард
12.12.2016 10:25
Ако биде осудена, ќе добие едногодишна затворска казна и ќе треба да плати 15 илјади евра. Судењето се очекува да трае до 20 декември.

Почна судењето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, обвинета за корупциски скандал тежок 400 милиони евра додека била министер за финансии.
Во 2008 година, Франција му платила отштета на тајкунот Бернар Тапие за спор поврзан со продажбата на Адидас. Наместо во судовите, Лагард наредила случлајот да се реши со приватна арбитражна комисија.
Ако биде осудена, ќе добие едногодишна затворска казна и ќе треба да плати 15 илјади евра. Судењето се очекува да трае до 20 декември. Лагард ги отфрла обвиненијата.
