Венецуела ја повлекува најкористената банкнота- 100 боливари

12.12.2016 11:05

Причина за овој чекор е високата инфлација, но и борбата против шверцерите на границата со Колумбија, кои според претседателот Николас Мадуро, нема да имаат доволно време да ја сменат банкнотата.

Венецуелските власти ја повлекуваат од оптек најкористената банкнота од 100 боливари која ќе биде заменета со монети за 72 часа. Причина за овој чекор е високата инфлација, но и борбата против шверцерите на границата со Колумбија, кои според претседателот Николас Мадуро, нема да имаат доволно време да ја сменат банкнотата.

Одлуката беше критикувана поради кусото време за воведување на новите банкноти. Боливарот доживеа најголем пад на вредноста во историјата, поевтинувајќи спрема доларот за 60 отсто од почетокот на ноември.

Тоа предизвика криза во здравствениот сектор и глад меѓу милиони луѓе.