Светските и регионалните медиуми за изборите во Македонија

12.12.2016 11:55

„Асошиејтед прес“ јави дека ниту една од двете големи коалиции нема да може сама да формира влада така што ќе треба да коалицира со некоја партија на Албанците. Германската ДПА, пак, проценува дека партиите на Албанците во Македонија веројатно ќе играат клучна улога во формирањето владина коалиција.

Четвртите предвремени парламентарни избори во Македонија се дел од насловните страници на повеќе регионални и светски медиуми и агенции.

„Асошиејтед прес“ јави дека ниту една од двете големи коалиции нема да може сама да формира влада така што ќе треба да коалицира со некоја партија на Албанците.

Германската ДПА, пак, проценува дека партиите на Албанците во Македонија веројатно ќе играат клучна улога во формирањето владина коалиција.

За „Ројтерс“ постои т.н. „виртуелно нерешен“ резултат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, зашто и двете партии прогласија победа која приврзаниците ја славеа низ улиците.

За двојна победа известуваат и медиумите од соседството. Хрватската радио- телевизија објави: и двете партии во Македонија прогласија победа“. Сличен наслов има и бугарскиот сајт „Днес“, а телевизијате „НоваТВ“ во истата земја ги карактеризира резултатите како „парадокс“.

За белградски „Блиц“, ВМРО-ДПМНЕ прогласил победа, а СДСМ известува за изедначен резултат. Радио- телевизија Црна Гора сумираше: „Албанците изгубија мандати. ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ“.