Алпинизмот низ окото на камерата

04.02.2014 13:25

Македонската Алпинистичка Федерација, заедно со Ехо - Планинскиот Филмски Фестивал

Македонската Алпинистичка Федерација, заедно со Ехо - Планинскиот Филмски Фестивал, ќе организира настан преку кој ќе се презентираат дел од активностите на македонските алпинисти во текот на минатата година.
 
Презентациите ќе се одржат во џебното кино на Младинскиот Културен Центар во Скопје, на 5-ти февруари со почеток во 19 часот. Дел од програмата ќе бидат следните презентации:
 
-„Алпинистичка Балканијада во Демир Капија – 2013“, претставување на еден од најголемите алпинистички собири кој се одржа лани во Македонија,
 
-„Метеори, Пуља, Базиликата“, искачувања во Грција и Јужна Италија на различни локалитети,
 
-„Вихрен, Северен Џендем и Езерски лед“, алпинистички искачувања во зимски услови во локалитети во Бугарија,
 
-„Турно скијање во Вајоминг“, презентација на 3-неделна турно-ски активност  во САД.
 
Покрај овие презентации, Македонската Алпинистичка Федерација ќе им додели и признанија на своите најуспешни членови од минатата година.
 
Македонската Алпинистичка Федерација ги поканува сите вљубеници во планините и природата, на вечерна дружба со македонските алпинисти.