Самоубиствен бомбашки напад во Нигерија

12.12.2016 12:06

Никој не презеде одговорност за нападот, но исламистите на Боко Харам изведуваат слични операции ...

Две девојчиња извршија самоубиствен бомбашки напад во Нигерија. Експлозивите ги активирале на пазар, убивајќи деветмина цивили.

Никој не презеде одговорност за нападот, но исламистите на Боко Харам изведуваат слични операции во фреквентни подрачја во Нигерија и во Камерун.