Турција: Уапсени над 100 членови на прокурдската „Демократска партија на народите“

12.12.2016 12:28

Претходно воени авиони гранатираа позиции на Курдската работничка партија во северен Ирак.

Турските власти уапсија над 100 членови на прокурдската „Демократска партија на народите“. Претходно воени авиони гранатираа позиции на Курдската работничка партија во северен Ирак.

ПКК презеде одговорност за терористичките напади во Истанбул во кои загинаа 38 луѓе и беа ранети над 160.

Во тридеценискиот конфликт меѓу турските власти и курдите загинаа над 40 илјади луѓе.