Собранието се конституира 20 дена по изборите
Доколку не се закаже во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21-виот ден од денот на завршувањето на изборите.

Според член 63 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот состав на Собранието се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, која ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку не се закаже во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21-виот ден од денот на завршувањето на изборите.
Според член 90 од Уставот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
