Мерки за подобрување на планинскиот, бањскиот и транзитниот туризам

12.12.2016 13:08

Подобрување на патната, хотелската инфраструктура и подобрување на квалитетот на персоналот, за привлекување на поголем број туристи.

Стимулативни мерки за подобрување на планинскиот, бањскиот и транзитниот туризам, бара Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија. Подобрување на патната, хотелската инфраструктура и подобрување на квалитетот на персоналот, за привлекување на поголем број туристи.

Во следниот период треба да се работи на враќање на домашните туристи во домашните капацитети. Како што беше речено на прес-конференција, речиси ништо не е сторено, а голема е можноста за развој и во алпинизмот, пештерскиот, ловниот и религиозниот туризам. За сето ова се неопходни сериозна патна и хотелска инфраструктура, квалитетен персонал, транспорт и ресторански услуги, велат од Здружението.