ДЕОМ: Изборниот процес помина мирно
12.12.2016 13:12
Тие соопштија дека посетиле 55 гласачки места во 6 изборни единици, и сметаат дека изборниот процес на местата што ги набљудувале се одвивал во мирна атмосфера.

Ограничената меѓународна набљудувачка мисија (ДЕОМ) на Советот за јавна дипломатија на Каталонија, кои ги следеа вчерашните парламентарни избори во државава, по покана на Државната изборна комисија, оценува дека изборниот процес поминал мирно.
Тие соопштија дека посетиле 55 гласачки места во 6 изборни единици, и сметаат дека изборниот процес на местата што ги набљудувале се одвивал во мирна атмосфера.
Меѓутоа, мисијата изразува загриженост за изборните нерегуларности, за кои биле известени нивните набљудувачки тимови, пред и во текот на денот на изборите, се вели во соопштението од мисијата за набљудување на изборите- ДЕОМ.
