Силите на Асад контролираат 90% од источно Алепо

12.12.2016 14:56

Само во последното деноноќие оттаму избегале над 13 илјади цивили, а 728 бунтовници го предале оружјето и заминале во западниот дел од градот.

Силите на сирискиот претседател Асад контролираат 90% од источно Алепо кој беше упориште на џихадистите од Исламска држава.

Само во последното деноноќие оттаму избегале над 13 илјади цивили, а 728 бунтовници го предале оружјето и заминале во западниот дел од градот.

Падот на Алепо е клучен за победата на владините сили во сириската војна.